
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Хоџа вели-Предлог-Законот за пасишта не е штетен, се согласиле и здруженија на сточари
Се согласивме дека овој Нацрт-Закон не штети на никого, напротив, со неговото усвојување правиме чекор напред во областа на земјоделството, пишува Хоџа.
Денес, во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, заедно со директорот на ЈП „Државни пасишта“ Нефрус Челику, организиравме јавна расправа за новиот Предлог – Закон за пасишта, објави министерот за земјоделство Хоџа.

Дебатата ги откри забелешките и предлозите на сите засегнати страни, здруженија на сточари и универзитетски професори од оваа област. Се согласивме дека овој Нацрт-Закон не штети на никого, напротив, со неговото усвојување правиме чекор напред во областа на земјоделството. Вистинската цел на Нацрт-Законот е да се зголеми транспарентноста и усогласеноста со сите регулативи поврзани со јавната достапност на пасиштата и модернизацијата во областа на сточарството, во согласност со препораките на ЕУ.
За време на дебатата ги анализиравме сите детали на Нацрт-Законот, пред тој да биде доставен за одобрување.
Им благодарам на сите учесници на отворената јавна дебата, кои ги искажа свиите ставови, добрите и лошите страни.
Од самиот почеток сум отворен за конструктивен дијалог за изнаоѓање на заедничко решение кое е во интерес на сите граѓани и јавниот имот, напиша Хоџа.
