fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Жетвата е во ек, земјоделците бараат договор за повисока откупна цена

Откупната цена на пченицата е катастрофално ниска а договор за надминување на овој проблем ќе се бара во средината на идната недела за кога се планира заедничка средба на мелничарите односно откупувачите и земјоделците.

 

Оваа средба која требаше да се организира најмалку еден месец пред почетокот на жетва според земјоделците е задоцнета бидејќи досега веќе се ожнеани околу 30% од површините а со секој ден жетва и складирање на пченицата земјоделците се во дополнителна загуба од денар и пол по килограм како трошок за собирање, транспорт, увреќување и складирање за оние кои имаат услови каде да ја чуваат. Поголемиот дел на малите земјоделци кои се и најпогодени од ваквата спора реакција на институциите и тактизирањето со предлог на ниски цени на откупувачите се веќе уценети да ја дадат по катастрофално ниски цени само за да не прават дополнителни загуби бидејќи немаат услови и магацини за чување. Националната федерација на фармери на средбата со министерот овие работи ги предочило и побарало да се вклучат стоковите резерви во интервентен откуп за да помогнат да се постигне реална откупна цена.

Стоковите резерви секоја година се обновуваат со околу 40 илјади тони на пченица но речиси секоја година тоа наместо во жетва го прават кон крајот на годината и најчесто со увозна пченица. Сите досегашни министри ветуваа измени на законот за да бидат обврзани стоковите резерви наместо од увозна да се полнат од домашна пченица и да откупуваат среде жетва по реални цени со што многу можат да им помогнат на земјоделците да не бидат уценувани од мелничарите што е еден од предлозите на НФФ, но и оваа година таа можност е изгубена и сега не се знае дали ќе има време за законски измени среде жетва, укажуваат земјоделците на кои сега единствено им преостанува да се надеваат дека цената ќе се зголеми некој денар. Во регионот и на балканот се проценува дека ќе има голема побарувачка на пченица и дека цените по жетва ќе растат но од тоа само ќе профитираат мелничарите а не земјоделците оставени сами на себе.https://kanal5.com.mk/zhetvata-e-vo-ek-zemjodelcite-baraat-dogovor-za-povisoka-otkupna-cena/a483319

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close