Црквата „Св. Петар и Павле“ и Преспанскиот крст во Преспа
За многу години Петровден!
Свети Петар и Павле – е новата селска црква во селото Подмочани, општина Ресен. Црквата е изградена на ридот Подмочанска Горица, од каде се пружа одличен поглед на целото Преспанско Езеро. Црквата е подигната со пари од македонски иселеници од Австралија, Америка и од Канада. Најголемиот дел од средствата се донирани од страна на стопанственикот од Чикаго, Борис Ничев, кој е по потекло од Подмочани. Целокупната инвестиција на црквата, камбанаријата и самиот Преспански крст изнесувала над двесте илјади евра. Црквата е целосно фрескоживописана. Живописот е изведен од страна на Васил Трајковски од Скопје.
Преспански крст е крст сместен на ридот над селото. Околу крстот се наоѓа уреден простор и тој е всушност дел од поголем комплекс, во кој влегува и новоизградената црква „Св. Петар и Павле“.
Крстот е подигнат во 2000 година од страна на дарители, мештани и иселеници. Преспанскиот крст е висок 30 и широк 30 метри. Осветлен е со 14 рефлектори и се гледа од сите страни на Преспа. Изградбата на крстот, но и на целиот комплекс, чинела стотици илјади американски долари.
А.Б