fbpx
Агро бизнисВестиМакедонија

Поддршката за стопанството и ранливите категории продолжува и годинава, вели Бесими

Во планот за среднорочното буџетирање и во Буџетот за 2022 година ќе биде предвидено постепено враќање на односот меѓу примарниот дефицит и БДП на ниво пред кризата.

Владата преку разни економски мерки во текот на 2021 година ќе ја продолжи таргетираната поддршка за стопанството и за ранливите категории на граѓани, најави денеска министерот за финансии Фатмир Бесими и нагласи дека таргетираната и привремена поддршка е една од препораките произлезени од годишниот дијалог за економски политики на земјите од Западен Балкан и Турција со земјите-членки на ЕУ и Европската централна банка што се одржа вчера.

Препораките од  годишниот дијалог, како што кажа, се во насока да им помогнат на земјите опфатени со проширувањето на ЕУ да го зајакнат економскиот и социјалниот развој.

Бесими денеска на прес-конференција во Владата посочи дека во услови на периодични бранови на пандемија, огромен предизвик за нашата и за економиите од регионот ќе биде да тргнат повторно по патот на закрепнување и раст. 

– Затоа треба да бидеме многу внимателни, да не ја прекинуваме нагло поддршката, туку постепено и насочено. Преку разни економски мерки таа продолжува во текот на 2021 година, со финализирање на претходните и спроведување на нови – две групи насочени кон ублажување на ефектите од пандемијата врз најранливите и поддршка на побрзо закрепнување на домашната економија. Во оваа насока ќе обезбедиме таргетирана привремена фискална поддршка за стопанството и ранливата категорија домаќинства, како една од препораките во делот на заедничките заклучоци, рече Бесими.

Додаде дека во планот за среднорочното буџетирање и во Буџетот за 2022 година ќе биде предвидено постепено враќање на односот меѓу примарниот дефицит и БДП на ниво пред кризата.

Како што нагласи, веќе се работи и на реализација на дел од другите препораки. Дел од нив се новиот закон за јавно-приватно партнерство кој наскоро се очекува да влезе во владина и собраниска процедура, потоа воспоставување на фискален совет и регистар на државна помош, стабилен финансиски сектор, подобрување на транспаретноста при усвојување и спроведување на законите….

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close