fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ останува синоним за нечесен, лицемерен однос кон земјоделците

СДСМ-ВМРО-ДПМНЕ нема право да зборува за земјоделството, 12 години како власт оваа партија ги уценуваше и ги делеше земјоделците, а субвенциите ги исплаќаше селективно и ненавремено

Реакција од СДСМ на прес-конференцијата на Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ:

ВМРО-ДПМНЕ останува синоним за нечесен, лицемерен однос кон земјоделците, може само да учи што значи вистинска грижа за земјоделството. 

ВМРО-ДПМНЕ нема право да зборува за земјодлеството, 12 години како власт оваа партија ги уценуваше и ги делеше земјоделците, а субвенциите ги исплаќаше селективно и ненавремено, а како опозиција се противеше на воведувањето зелена нафта, се противеше на повисоки субвенции за земјоделците.

За разлика од нечесниот однос на ВМРО-ДПМНЕ кон аграрот, СДСМ во континуитет покажува вистинска грижа за сите земјоделски гранки, за сите земјоделци, од сите региони, подеднакво. Канџите на политиката се трнати од земјоделството, нема повеќе наши и ваши земјоделци, заврши деценијата во која селективно се делеа субвенции, грантови и државна помош.

Изминатите четири години кај земјоделеците преку субвенции и директна помош завршија речиси 430 милиони евра, а само од почетокот на годинава, по различни основи се исплатени речиси 3,5 милијарди денари субвенции. Станавме регионални лидери во искористеност на ИПАРД фондовите. Искористеноста на ИПАРД 2 фондовите е 81% наспроти искористеноста на ИПАРД 1 од владата на ВМРО ДПМНЕ од само 18 проценти.  Обезбедени се грантови за млади земјоделци во визина од 20.000 евра, се поддржуваат жените од руралните средини, земјоделците се поддржуваат при обвнобување на меганизацијата, воведена е зелена нафта, се градат откупни центри, системи за наводнување.

Поддршката е реална и неселективна и е достапна до секој земјоделец, ВМРО-ДПМНЕ останува синоним за нечесен, лицемерен и потценувачки однос кон земјоделците и може само да учи што значи вистинска грижа за земјоделството.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close