fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Продавачите го узурпираат просторот околу тезгите, на градскиот пазар во Велес нема простор за купувачите

Градскиот пазар во Велес работи во стеснет простор за продажба поради реконструкцијата на еден дел, но кај тезгите има поставени дополнителни гајби наоколу со што се отежнува пазарењето. Најголем неред е во недела.

Градскиот пазар во Велес работи во стеснет простор за продажба поради реконструкцијата на еден дел, но кај тезгите има поставени дополнителни гајби наоколу со што се отежнува пазарењето. Најголем неред е во недела.

„Не можеме да се разминеме. На толку мал простор има поставено дополнително гајби. Ова го прават најчесто прекупците, производителите не. Зошто не се преземат мерки за да се создаде ред на пазарот?“, велат велешани кои пазарат на Градскиот пазар.

Корисниот простор на пазарот е намален поради дополнителниот број тезги кои се дислоцираа со реконструкцијата. Вака беше и во март и април, кога поради големиот број ковид случаи Кризниот штаб на Општина Велес донесе забрани поставување гајби околу тезгите, за да може купувачите непречено и слободно да се движат. Но и тогаш а и сега, одлуката не се почитува. Од Јавното комунално претпријатие „Дервен“ велат дека проблемот е повеќегодишен.

„Ниту една тезга на градскиот пазар нема добиено одобрение од страна на ‘Дервен’ за поставување дополнителни гајби околу тезгите. Управниот одбор на ‘Дервен’ никогаш досега нема издадено одобрение за поставување дополнителни гајби околу тезгите. Продавачи самоволно си поставуваат дополнителни тезги околу постоечките. Вработените од Одделението за пазари секојдневно ги предупредуваат таквите продавачи да не ги поставуваат гајбите околу тезгите затоа што, пред се, пречат на движењето на купувачите, а повеќе пати во годината им даваат и писмени известувања дека не треба да го прават истото, но ваквите писмени известувања имаат ефект само краток период, по што тие повторно го узурпираат просторот околу тезгите што ги закупиле“, велат од „Дервен“.

На истата ваква состојба, во март 2017 кога граѓаните реагираа, надлежните тоа го толерираа. Одговорот на „Дервен“ тогаш беше дека „на секој продавач што ја проширува својата тезга му се наплаќа повисока пазарна такса,односно дополнителна повисока сума од редовната, во износ од 2-5%, кој процент зависи од вредноста на изнесената стока“.https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/prodavachite-go-uzurpiraat-prostorot-okolu-tezgite-na-gradskiot-pazar-vo-veles-nema-prostor-za-kupuvachite/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close