Во ТИРЗ забележано највисоко ниво на економска активност во последните дваесет години
Првото полугодие на 2021, историско за економската активност на Технолошко-индустриските развојни зони во последните 20 години.
Рекордни бројки се забележуваат кај извозот и увозот, односно извозната активност достигнала 1 милијарда 559 милиони евра што претставува пораст од 68% од 2020та или 33,5% од 2018 додека пак увозот бележи раст од 90% за разлика од минатата година. Овие бројки за директорот Деспотовски се одличен показател дека економијата не само што се опоравува, истата бележи реален раст.
-Јас очекувам овие бројки да продолжат да растат и понатаму, секако свесни сме за ризиците, разговараме со компаниите… глобалните трендови во одредени дејности подразбираат и одредени ризици но ги следиме внимателно и се радуваме на позитивните бројки но меѓутоа ќе бидеме внимателни и ќе настојуваме овие бројки да ги поттикнеме дополнително во периодот што следи,вели директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски.
Покрај растот на увозот и извозот, Деспотовски вели дека во зоните се нотира и значителено зголемување бројот на вработени… вкупниот број во моментот изнесува 14.230 или 50% повеќе од просекот во последните пет години. Нови работни места треба да генерираат и планираните странски инвестиции кои според проекциите треба да влезат во Македонија со 1 милјарда евра до крајот на 2023.
-Во текот на вчерашниот ден веќе доставивме во процедура на форма на одобрување два нови договори со две компании, компанијата Дуел(?) која е веќе во третата фаза во реализација во ТИРЗ Скопје и компанијата Витек. Двата договора се во вкупен износ од 40 милиони евра. Заклучно со овие два договора во првите 6 месеци имаме вкупно склучени договори од 105 мил. Евра странски инвестиции,вели директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски.
Претходно, како стимул за подеднаков развој на сите технолошки региони во земјата, ТИРЗ воведе нов пристап според кој странските компании кои ќе се одлучат да инвестираат во регионот околу главниот град, ќе добијат помалку средства од оние кои ќе го сторат истото во останатите зони во Македонија.