fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Многу земјоделци работат непријавени

Градежници, келнери, земјоделци и вработени во хотелиерството се најмногу погодени од неформалната економија.

Само во првите шест месеци годинава трудовите инспектори казниле 42 газди затоа што не ги пријавиле вработените. Лани поради пандемијата оваа бројка била два и пол пати помала.

„Донесените решенија се однесуваат на 15 работодавачи на кои им беа издадени прекршочни платни налози. Само двајца од овие 15 не постапија и за нив беше поднесено барање за поведување прекршочна постапка.“изјави Јована Тренчевска, директорка на Државен инспекторат за труд.

Статистиката вели дека од вкупниот број вработени – 16% работат непријавени, а приближно половина од нив се од земјоделскиот сектор.

„Овие податоци за нас претставуваат сериозен индикатор дека треба да најдеме начин како ќе ја формализираме сезонската работа. Точно тоа и го нудиме во новиот Закон за работни односи. На овој начин нудиме сигурност и лојалност на работниците да се вратат кај истиот работодавач кај кого биле сезонски ангажирани.“-Јагода Шахпаска, министерка за труд и социјална политика.

Работодавачите се жалат дека имаат куси законски рокови за регистрирање на сезонски работници. Проблемот ќе го решаваат преку ваучери за вработување.

„Работодавачот сам одлучува за колку работни дена ќе купи ваучер според неговите планови за ангажирање на вработениот. На крајот на месецот работодавачот договорот го приложува заедно со ваучерот во АВРМ каде ќе се внесат сите евиденции и ќе се завери стажот за осигурување на вработениот.“вели Владанка Трајковска, претс. на Организација на работодавачи на Македонија.

Друг проблем е што многу работници се пријавени на половина работно време – а работат цело. Сојузот на синдикати апелира работниците да бидат похрабри и да ги пријавуваат ваквите случаи.https://kanal5.com.mk/sad-rusija-i-kina-so-kleveti-protiv-amerikanskite-vakcini/a484287

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close