fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Опстанокот на реките и езерата во рацете на човекот, ќе дозволиме ли да секне изворот на живот?!

„Треба што поскоро да се вклучи црвено светло и да се преземат многу поголеми чекори, бидејќи нерационалното користење на природните ресурси веќе одамна е секојдневие“.

Уметноста на природата е целосна кога преовладува синилото на реките, езерата и морињата. Тоа синило, под влијание на неумоливата консумирачка потреба на човекот, станува пола, на пат да го снема. И покрај свесноста за значењето на водите, сепак, човечката рака се повеќе ги суши водните површини. Па така, се чини синилото од уметничкото дело на природата полека станува сивило за човештвото.

За ова секојдневно алармираат граѓанските здруженија, велат – „Треба што поскоро да се вклучи црвено светло и да се преземат многу поголеми чекори, бидејќи нерационалното користење на природните ресурси веќе одамна е секојдневие“.

Според Министерството за животна средина главни виновници за намалувањето на водостојот на водните површини се климатските промени, силниот антропоген притисок, земјоделството и инвазивните видови.

Сепак, покрај овие фактори, за здружението Еко – свест постојат и други кои исто така, ја влошуваат состојбата со водните површини.

-Со урбанизацијата се зголемуваат непропустливите површини односно, зголемената застапеност на бетонската и асфалтна инфраструктура и намалувањето на зелената инфраструктура, доведува до нарушување на климатските услови и модификација на површинското и подземното истекување, вели еко- активистката, Елена Николовска.

Додава дека централната и локалната власт несериозно гледаат на итноста од заштита и зачувување на водните ресурси.

-Во услови кога се соочуваме со недостиг на вода во блиска иднина, апсолутно недозволиво е водните ресурси да се користат за производство на електрична енергија особено преку мали хидроелектрани. Земјата нема план за прилагодување на климатски промени кој треба да опфати и мерки за зачувување на водните ресурси, велат од Еко- свест.

https://nezavisen.mk/opstanokot-na-rekite-i-ezerata-vo-racete-na-chovekot-kje-dozvolime-li-da-sekne-izvorot-na-zhivot/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close