Најголем пораст кај станбените и потрошувачките кредити, пад кај автомобилските
Паричната маса во јуни годинава, бележи месечен раст од 1,1 отсто што во најголем дел се должи на зголемените депозитни пари, а во помала мера и на долгорочните депозити до две години и краткорочните депозити, при пад кај готовите пари во оптек
Паричната маса во јуни годинава, бележи месечен раст од 1,1 отсто што во најголем дел се должи на зголемените депозитни пари, а во помала мера и на долгорочните депозити до две години и краткорочните депозити, при пад кај готовите пари во оптек. Годишниот раст изнесува 8,3 отсто и главно е резултат на повисоките депозитни пари, при помал позитивен придонес и на краткорочните депозити и готовите пари во оптек, а во услови на забележан пад кај долгорочните депозити до две години, информираат од Народната банка (НБ).
-Вкупните депозити на годишна основа, се повисоки за 6,8 отсто, при раст кај двата сектора, кој е поизразен кај корпоративниот сектор. На годишно ниво, вкупните кредити бележат раст од 5,1 отсто, при зголемено кредитирање кај двата сектора, со поголем придонес на секторот „домаќинства“, прецизираат од НБ.
Според нив, вкупните депозити на корпоративниот сектор, овој месец, се повисоки за 3,1 отсто на месечна основа.
-Растот во најголем дел е резултат на зголемените депозитни пари, при помал позитивен придонес и на долгорочните депозити во странска валута, во услови на пад кај останатите компоненти. Годишната стапка на раст изнесува 16,7 отсто, главно поради зголемените депозитни пари, при позитивно влијание и на краткорочните и долгорочните депозити во странска валута, во услови на остварен пад кај останатите компоненти, велат од НБ.
Кај кредитите на корпоративниот сектор, прецизираат, во јуни е забележан месечен и годишен раст од 0,6 и 1,2 отсто.
-Нагорната промена, пред сè, се должи на зголемените кредити во странска валута, а позитивно, но помало влијание имаат и кредитите одобрени во денари, истакнуваат од НБ.https://nezavisen.mk/najgolem-porast-kaj-stanbenite-i-potroshuvachkite-krediti-pad-kaj-avtomobilskite/