fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Во тек е Јавниот оглас бр. 2/21 за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост

Опфатено е земјоделско земјиште во сопственост на државата со вкупна површина од 2122ха 05ар 26м2, во повеќе региони.

Во тек е Јавниот оглас бр. 2/21 за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост, за површини над 3 хектари по пат на електронско јавно наддавање. Опфатено е земјоделско земјиште во сопственост на државата со вкупна површина од 2122ха 05ар 26м2, во повеќе региони.
Право на учество на Jавниот оглас имаат домашни физички и правни лица како и странски правни лица.
Земјоделското земјиште предмет на огласот во зависност од видот на земјоделската култура која ќе се одгледува, ќе се доделува во времетраење од:
-подигање на долгогодишни насади (лозја, овоштарници) и оранжерии за период до 30 години,
-подигање на долгогодишни насади со лешник за период до 70 години,
-одгледување на други земјоделски култури и за поставување на пчелни семејства за период до 15 години,
Почетната цена по хектар во постапка по овој Јавен оглас, се утврдува во зависност од катастарската класа и местоположбата на земјиштето.
Повеќе информации на следниот линк: http://www.mzsv.gov.mk/Events.aspx?IdRoot=1&IdLanguage=1…
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close