fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Снежана Илиевска-поборник на урбаното пчеларење

Најдобриот пчелар помеѓу фудбалските судии и најдобриот фудбалски судија помеѓу пчеларите

Тоа е нашата Снежана Илиевска која во 2017 ја започна обуката за млади пчелари на Програмата за зачувување на природата без да поседува пчели ниту знаење за нивното одгледување, а денеска има 2 пчеларници и големи планови за отворање на своја мала апикомора.
Како и останатите членови на „Меден Исток“, Снежана пчелари на одржлив начин и со голема одговорност кон природата и здравјето на луѓето, без да користи штетни хемиски средства во производниот процес. Околината на нејзините пчеларници во с. Дулица изобилува со прекрасна природа со багрем, драка, мајчина душица, ливади и шуми.
Снежана важи и за поборник на урбаното пчеларење и затоа има неколку пчелни семејства на својата тераса, за што вели: „Чувството кога пиејќи кафе меѓу кошниците, на терасата, ги гледам пчелите како работат рано наутро, како влегуваат во кошницата со полен на нозете, ме охрабрува и понатаму да продолжам да чувам пчели во мојот дом“.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close