УНЕСКО ги прогласи Буковите шуми во кањонот Длабока Река за светско природно богатство
Длабока Река е дел од планинскиот масив Кораб и тамошните букови шуми се карактеризираат со природни процеси кои се речиси недопрени од човекот во последните 100 години.
Буковите шуми во кањонот Длабока Река, кој е дел од националниот парк Маврово, се прогласени за светско природно богатство од страна на УНЕСКО, објави Министерството за животна средина и просторно планирање.
Длабока Река е дел од планинскиот масив Кораб и тамошните букови шуми се карактеризираат со природни процеси кои се речиси недопрени од човекот во последните 100 години. Со ова признание, тие добиваат статус на светско природно богатство, покрај древните и исконски букови шуми на Карпатите и други региони во Европа.
Одлуката за проширување на постојното транснационално природно наоѓалиште на букова шума во Европа, Комитетот за светско наследство на УНЕСКО ја донесе на вчерашната проширената 44. сесија во кинескиот град Фуџоу.https://sdk.mk/index.php/makedonija/unesko-gi-proglasi-bukovite-shumi-vo-kanonot-dlaboka-reka-za-svetsko-prirodno-bogatstvo/