fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

И стечајци со 14 години стаж ќе добиваат надомест од државата

Што носи новиот закон?

„Постојат стечајци на кои им недостасуваат по неколку месеци работен стаж и затоа границата за остварување на паричниот надоместок ја спуштивме од 15 на 14 години работен однос во претпријатија со доминантна сопственост на државата“, рече министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, образложувајќи го Предлог законот за стечајци, на денешната собраниска Комисија за труд и социјална политика.

Со Предлог законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата со доминантна сопственост на државата, месечен надоместок од 9.242 денари  или 34 отсто од просечната месечна нето плата исплатен по работник претходната година, ќе добиваат 1.100 нови стечајни работници.

„Потребата од Законот за стечајци  произлезе од средбите со граѓаните на кои помошта им е неопходна. Со најновата измена 13.000 лица ќе бидат вклучени во системот за парично обештетување со износ до 9.242 денари. Ова ја покажува нашата грижа за граѓаните. Овој материјален надоместок стечајните работници ќе го добиваат до нивното вработување или пензионирање преку Агенцијата за вработување. На денот на поднесување на барањето за паричната помош, жените треба да имаат, не помалку од 52 години, а мажите 55 години“, рече Шахпаска.https://faktor.mk/namesto-15-i-stechajci-so-14-godini-staz-kje-dobivaat-nadomest-od-drzavata—shto-nosi-noviot-zakon

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close