fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Село Орел без вода на пеколни температури

На 11 километри од Свети Николе на пеколни температури селаните од Орел оставени три дена без вода.

На 11 километри од Свети Николе на пеколни температури селаните од Орел оставени се три дена без вода. Во изјава за Зелена берза се пожалија дека на оваа жештина кога целата теритотија на државата е во портокалова фаза таму низ чешмите не тече ни капка вода.

-Нема вода, се пресуши, а Општината не остави без да ни донесе цистерни, нема вода ни за селаните ни за стоката. Ваква нечовечност во 21 век е голем срам и грев. Пресуши реката што ја полни браната Мавровица. Има бушотина од 40 метри и има вода од 2,5 литри во секунда, ама е на самата општината бидејќи беше донација од некоја програма и веќе 6 години никој не направи ништо да се искористи самата вода. Народот да има да ја згаси жедта. Зошто на овие пеколни температири сме без вода?, се пожалија жители на Орел.

Дел од мештаните велат дека можат самите да си направат водовод, но потребна им е дозвола од Општината.

А.Б

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close