Просечната плата порасна, ама само 35 отсто вработени имаат повеќе од просекот
Податоците велат дека текстилната и кожарската индустрија и натаму се со најниски плати кои во просек изнесуваат 17.570 денари.
Иако просечната плата во земјава порасна, не е голем бројот на оние што земаат поголема од таа плата, а многумина на своите конта добиваат пониски износи.
Според податоците, само 35 проценти од вработените граѓани во земјава земаат плата над просечната, која изнесува 28.721 денари според последните мерења.
Според Државниот завод за статистика, раст на платата најмногу има во ИТ индустријата и фармацијата, но вработените во голем број дејности земаат плати под просекот.
Податоците велат дека текстилната и кожарската индустрија и натаму се со најниски плати кои во просек изнесуваат 17.570 денари.
По нив, следуваат платите во рестораните, кафулињата и други дејности поврзани со храна, каде месечните примања се движат околу 18.780 денари.
Додека пак на вработените во образованието, во уметноста, или во производството на прехрамбени производи платите им се движат од 20 до 27 илјади денари.https://faktor.mk/prosechnata-plata-porasna-ama-malkumina-se-nad-nea—samo-35-otsto-vraboteni-imaat-povekje-od-prosekot