Делчевец произведе тиква од 50 килограми
Bo градината на земјоделецот Фиданчо Лазаров од делчевското село Град израснала тиква тешка 50 килограми. Иако со години Лазаров се занимава со одгледување тикви, ова е најголемата тиква што се родила во градината на 68-годишниот земјоделец. Co гордост ја турка во количката затоа што во селото Град досега толкава тиква не е собрана од нивите.
Досега никогаш не сум нашол толку голема тиква на мојот имот. Ова е ново семе што соседите ми го донесоа од Италија, а за следната година ќе нарачам уште. Ќе откријам една тајна, на тиквата и годи природна изворска вода, а не сака наводнување од водовод, вели земјоделецот Фиданчо Лазаров.
Лазарови уште не ја пробале тиквата. Велат, ако се погоди блага и вкусна, ќе заврши на семејната трпеза, а во спротивно ќе заврши како сточна храна за свињите.