fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Незначителен пад на температурата, до четврток земјава во портокалова фаза

Максималната температура ќе биде во интервал од 34 до 42 степена. УВ индексот ќе изнесува 9.

Периодот на стабилно и натпросечно топло време продолжува и во претстојниве денови, но максималната температура од денеска ќе биде во просек за два степенa пониска во однос на вчерашната.

Како што соопшти УХМР, времето денеска ќе биде сончево и натпросечно топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 34 до 42 степена. УВ индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје и околината сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од западен правец. Максималната температура ќе достигне до 38 степени.

До четврток ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури. В четврток попладне и в петок се очекува дестабилизација која ќе услови локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. В петок температурата дополнително ќе се намали.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close