fbpx
ВестиТоп вести

Гарантниот фонд со 28 милиони евра гарантира за кредити за земјоделците

Сите земјоделеци што имаат потреба од кредит, а немаат што да остават под залог, сега ќе можат да ја искористат можноста што ја нуди Гарантниот фонд, кој е во висина од 28 милиони евра и со кој Министерството за земјоделство и Владата гарантираат за половина од сумата што им е потребна. Во ресорот велат дека Гарантниот фонд функционира на пристапот 50-50, односно преку него се обезбедува гаранција за до 50 отсто од главнината на кредитот за кои банката нема да побарува хипотека, односно обезбедување. Парите се пласираат преку Прокредит банка, Стопанска банка-Битола и Kомерцијална банка и штедилниците „Фулм“ и „Можности“. Максимална сума на кредит што може да се земе преку овој фонд е 500 илјади долари. Земјоделците се задоволни и велат дека на овој начин европските пари од ИПАРД стануваат подостапни и за оние што немаат имоти интересни за хипотеки за банките. Засега интересот е голем, и очекуваат каматите да не бидат повисоки од 5 отсто.

garantniot fond so 28 milioni evra garantira za krediti za zemjodelcite

Различна намена на парите

Министерот за земјоделство Михаил Цветков вели дека со Прокредит банка веќе имаат позитивни искуства и одобрени кредити преку овој гарантен фонд.

– Повеќето кредити се искористени за земјоделска механизација, но има и големи ИПАРД-нвестиции. Најголем е проектот за изградба на краварска фарма во вредност од 400.000 евра,каде што инвеститорот обезбеди банкарски кредит од 200.000 евра и преку овој фонд му се гарантира 50 отсто од хипотеката. Исто така, за корисниците на ИПАРД-програмата донесовме уште едно олеснување, а тоа е субвенционирање 50 проценти од каматната стапка за кредити до половина милион евра и камата не повисока од 8 проценти. Оваа мерка можат да ја користат сите ИПАРД-корисници од која било банка – вели Цветков. Според него, првичната идеја била гарантниот фонд да биде наменет само за ИПАРД-инвестиции, но поради интересот на банките и генералната неповолна состојба со финансирање во руралните средини, одлучиле гарантниот фонд да биде достапен за сите типови капитални инвестиции во примарно земјоделско производство, преработувачка индустрија и економски активности во рурални средини. За земјоделците е потребно да обезбедат само 50 отсто од висината од бараната банкарска гаранција, додека другите 50 отсто ќе бидат обезбедени од овој гарантен фонд. Највисока вредност на кредит за кој може да се користи гаранција изнесува 500.000 долари во денарска противвредност.

Фондот ќе функционира во наредните 10 години и преку него е планирано да се пласираат кредити до 26 милиони долари. Сите ќе бидат наменети за модернизација на земјоделското производство, како подигнување нови насади, оранжерии, фарми, како и за модернизација на постојни фарми и набавка на секов вид земјоделска механизација.

Помош за искористување на европските пари

Овој фонд можат да го користат преработувачките капацитети и тоа изградба на откупно-дистрибутивни центри за овошје и зеленчук во кои земјоделските производи ќе се калибрираат, пакуваат и разладуваат. Дел од парите се наменети за отвоарање млекарници, кланици и винарници, а парите можат да се користат и од конзервната, месната и мелничката индустрија.

Овој фонд е формиран поради минималната искористеност на парите од европските фондови наменети за рурален развој. Последниве седум години искористени се само шест од вкупно над 62 милиона евра или околу седум отсто. Од нив фирмите искористиле околу 5 милиони евра, а земјоделците помалку од половина милион. Експертите велат дека главни причини за слабата искористеност на европските пари, покрај недоволната информираност и подготовка на проект, е хипотекарниот имот. Вкупниот европски фонд за Македонија, преку ИПАРД e над 80 милиони евра. Според намената, секој корисник ќе може да добие од 10.000 до 4,5 милиони евра во зависност од инвестицијата. Новина е што освен земјоделци и земјоделски стопанства, за овие пари може да конкурираат и угостители и трговци поединци. Kорисникот е должен да го направи проектот или објектот, а потоа се враќа повеќе од половина од сумата. Ако нема пари, земе кредит за кој за половина за сумата гарантира фондот. Потоа до 60 отсто од вкупните прифатливи трошоци на инвестициите се враќаат кај сите земјоделци, со можност да се зголемат на 65 проценти за инвестиции во земјоделски стопанства на млади земјоделци.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close