fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Хоџа-ќе преземеме сè да се ублажат негативните последици врз производството на грозје и вино

Хоџа на средба со лозарите и винарите.

Откупот на грозјето, мерките на државата и проблемите на лозарите и винарниците, беа темите на денешниот состанок кој се одржа во просториите на МЗШВ во прусуство на лозарите и винарниците.
Нашата примарна цел е да воспоставиме партнерски однос со земјоделците и со стопанствениците од агросекторот, со лозарите и винарниците, објави министерот за земјоделие Арјанит Хоџа.
-Свесни сме дека последици од глобалната пандемија трпи и лозаро-винарството како извозна гранка. Ова време е тешко за секој сектор. Затоа, како Министерство ќе преземеме сè што е потребно за да се ублажат негативните последици врз производството на грозје и вино.
Во постојана комуникација сме со лозарите и со винарниците, со единствена цел да креираме мерки што ќе бидат од интерес за примарното производство и за винската индустрија. Oтворената комуникација ќе продолжи и во следниот период затоа што само преку партнерски однос со лозарите и винарските визби можеме да ја зајакнеме оваа стратешка земјоделска гранка која има сериозно учество во вкупниот извоз, објави Хоџа .
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close