fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Должиме 7,4 милијарди евра, а ќе мора да се крпиме со нови кредити

Нашите научни анализи за оптималното ниво на јавниот долг покажуваат дека прагот на позитивна корелација помеѓу долгот и растот изнесува 53,42 проценти, вели академик Абдулменаф Беџети

Заклучно со 30 јуни,  јавниот долг достигна 7,4 милијарди евра, или 64,4 проценти од бруто-домашниот производ, објави Министерството за финансии. Ова значи дека долгот веќе го надмина планираното ниво за до крајот на годината, кое според стратегијата за негово управување објавена од Министерството, на крајот на годината треба да изнесува 63,9 проценти.

Академик Абдулменаф Беџети во својот осврт „Фискалните политики и фискалниот простор во време на глобалната пандемија со посебен осврт врз Република Северна Македонија“ објасни дека оптималното ниво на долгот е 53,42 проценти. Тој констатира дека од 2017 година до 2020 година, јавниот долг се движел во границите од 50 проценти од БДП.
– За жал, просторот што постоеше сѐ до 2008 година, кога јавниот долг изнесуваше околу 26 проценти од БДП, речиси „се потроши“ за 6-7 години преку т.н. проект „Скопје 2014“! Економистите оптимисти ја квалификуваат оваа висина на јавниот долг како умерена, врз основа на формалните граници од 60 отсто од БДП, според критериумите на Мастрихт за ЕУ и како последица од овој критериум тврдат дека сѐ уште имаме доволно простор. Нашите научни анализи за оптималното ниво на јавниот долг покажуваат дека прагот на позитивна корелација помеѓу долгот и растот изнесува 53,42 проценти.  Имено, овој резултат се совпаѓа и со сознанијата во истражувањата, врз основа на кои јавниот долг на земјите во развој треба да изнесува околу половина од оној во развиените земји, кој, пак, според врвните светски економисти, е утврден помеѓу 90-100 проценти од БДП – анализира Беџети.https://www.slobodenpecat.mk/dolzhime-74-milijardi-evra-a-kje-mora-da-se-krpime-so-novi-krediti/

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close