fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Чекор поблиску до „Центар за компостирање органски отпад“ на Општина Аеродром

При потпишувањето на овој меѓународен договор, потписниците се согласија дека покрај заедничкото вложување во опрема, станува збор за почеток на една успешна регионална размена на знаења, искуства и можности со заедничка цел и визија, а тоа е да се овозможи долгорочна имплементација на европските стандарди и вредности во процесот на управување со отпадот и одржување на чиста животна средина.

Официјална работна група на Општина Аеродром заедно со претседателот на збратимената градска Општина Палилула, Ниш, Братислав Вучовиќ, вчера беа во службена посета на производниот погон на друштвото „Компостинг“ во градот Смедерево, Република Србија. Во оваа пригода носителот на првиот партнерски проект на Јавното претпријатие за управување со развојни проекти на Општина Аеродром, под наслов „Станица за компостирање органски отпад од Општина Аеродром“, Наталија Бургиева, сопственик на друштвото „Мама органа“ од Скопје, и меѓународниот партнер на целокупниот проект „Ленд френд“ од Марибор, Република Словенија, го ратификуваа деталниот бизнис-план според кој ќе се реализира овој стратегиски проект од локално економско значење за Општина Аеродром.

При потпишувањето на овој меѓународен договор, потписниците се согласија дека покрај заедничкото вложување во опрема, станува збор за почеток на една успешна регионална размена на знаења, искуства и можности со заедничка цел и визија, а тоа е да се овозможи долгорочна имплементација на европските стандарди и вредности во процесот на управување со отпадот и одржување на чиста животна средина.

Мешовитата работна група изврши детален увид во фазата на изработка на најсовремениот автоматски модел на машината за компостирање „Green Axle“, која ќе биде составен дел на целокупниот систем за компостирање на органскиот отпад што се создава во Општина Аеродром (од јавните површини, жителите и бизнис-заедницата). Целта е преку негово директно рециклирање во форма на компост, односно органско ѓубриво, преку системот на циркуларна економија, повторно да биде вратен на природата, односно да биде употребен во сите екопроекти и форми што ќе ги реализира Општина Аеродром во интерес на своите жители.

„Со овој проект, Општина Аеродром и нејзиното Јавно претпријатие преку директна соработка со бизнис-заедницата во целост ќе се надоврзе на одобрениот европски проект „Clean AirDrom“ за селекција на отпад од куќен праг. Тоа во голема мера ќе придонесе да се имплементираат европските стандарди за одржување на животната средина предвидени во Поглавјето 27 од преговарачката рамка на ЕУ“, изјави градоначалникот Златко Марин.https://nezavisen.mk/chekor-poblisku-do-centar-za-kompostiranje-organski-otpad-na-opshtina-aerodrom/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close