fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Кој има предност за грант од 10 илјади евра-Млад земјоделец

Крајниот рок за доставување на барањата е 29.08.2021 година.МЕРКА 112 – ПОМОШ НА МЛАДИ ЗЕМЈОДЕЛЦИ ЗА ЗАПОЧНУВАЊЕ НА ЗЕМЈОДЕЛСКА ДЕЈНОСТ-Млад земјоделец е носител на земјоделско стопанство на возраст од 18 до 40 години.

ВОВЕД
Ова Упатство има за цел запознавање на корисниците со целта, начинот на
спроведување и намената на средства од Програмата за финансиска
поддршка на руралниот развој за 2021 година за Мерката:
Мерка 112 – Помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска
дејност.
Упатството вклучува и објаснување по однос на процесот на доставување на
документи, обработка на барањата, потпишување на договори, контрола на
лице место и реализација на инвестициите.

Упатство за корисници на средства од Програмата за финансиска поддршка на
руралниот развој за 2021 година – Мерка 112
Јули 2021
МЕРКА 112 – ПОМОШ НА МЛАДИ ЗЕМЈОДЕЛЦИ ЗА
ЗАПОЧНУВАЊЕ НА ЗЕМЈОДЕЛСКА ДЕЈНОСТ
ОПИС НА МЕРКАТА
Поддршката за започнување со земјоделска дејност се доделува на млад
земјоделец кој за прв пат започнува да се занимава со земјоделска дејност
преку преземање на постоечко земјоделско стопанство или со воспоставување
на ново земјоделско стопанство.
Согласно член 67 од Законот за земјоделство и рурален развој, поддршката по
Мерка 112 се реализира преку одобрен деловен план од страна на Агенцијата
кој треба да предвидува инвестициони активности за модернизација на
земјоделското стопанство за период од најмногу три години од денот на
одобрувањето на поддршката.

КОРИСНИЦИ

Општа дефиниција за корисник

Потенцијални корисници за Mерка 112 Помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност се носители на земјоделско стопанство упишано во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во согласност со Закон за земјоделството и рурален развој и тоа

  • Индивидуален земјоделeц – носител на земјоделско стопанство вршител на земјоделска дејност согласно Закон за вршење на земјоделска дејност;
  • Индивидуален земјоделeц – носител на семејно земјоделско стопанство кој се стекнал со статус на осигуреник согласно Закон за пензиско и инвалидско осигурување

Млад земјоделец е носител на земјоделско стопанство на возраст од 18 до 40 години.  На денот на поднесување на барањето до Агенцијата, носителот на земјодлеското стопанство потребно е да има помалку од 40 години.

КРИТЕРИУМИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ИСПОЛНИ БАРАТЕЛОТ

  • Барањето за поддршка да е поднесено не подоцна од 18 месеци од денот на запишување на промената на носителот на земјоделското стопанство или новото земјоделско стопанство во Единствениот регистар на земјоделски стопанства,
  • Подносителот на барањето да има минимум средно образование од областа на земјоделството или поминато обука за здобивање на квалификации за земјоделска дејност освен во случај кога деловниот план предвидува потреба од обука,
  • Подносителот на барањето да е носител на земјоделското стопанство и
  • Подносителот на барањето да ги почитува добрите земјоделски пракси и мерките за заштита на природата и благосостојба на животните.

ВИСИНА НА ПОДДРШКА

Максимална вредност на прифатливи трошоци по корисник изнесува до 600.000,00 денари.

Корисникот на средства по Мерка 112 може да поднесе барања по други мерки од Програмата, во согласност со доставениот деловен план. Начинот и постапката за доставување на барања по други мерки се уредува во согласност со Програмата.

Доделената финансиска поддршка е неповратна.

ПОСТАПКА ЗА ИЗБОР HA КОРИСНИЦИ

Избор на корисници се врши со проверка на исполнување на условите за користење на средства за инвестиции предвидени со мерката 112. Барателите кои ги исполниле условите за стекнување со право на користење на финансиска поддршка, се рангираат со бодување согласно подолу прикажаната табела. АФПЗРР ќе склучи договори во рамките на расположливите средства.

    Цели на мерката   (критериуми) Бодови
Доколку целта на инвестицијата е набавка на опрема за после бербени активности во растително производство;   10
Доколку целта на инвестицијата е набавка на опрема за преработка на земјоделски производи и производи од животинско потекло;   10
Доколку активностите од деловниот план се одвиваат во ридско-планински подрачја; 10
Доколку корисникот се занимава или планира да се занимава со сточарство; 10
Доколку корисникот е член на земјоделска задруга 15
Доколку корисникот е индивидуален земјоделец – носител на земјоделско стопанство и регистриран вршител на земјоделска дејност согласно Закон за вршење на земјоделска дејност или носител на семејно земјоделско стопанство кој се стекнал со статус на осигуреник согласно Закон за пензиско и инвалитско осигурување     35
Доколку корисникот е во плански регион, според стапенот на развиеност на регионот:
Скопски регион ————————————————————————————————1
Југоисточен регион——————————————————————————————– 2
Источен регион————————————————————————————————-3
Пелагониски регион——————————————————————————————-4
Вардарски регион———————————————————————————————-5
Југозападен регион——————————————————————————————– 6
Полишки регион———————————————————————————————– 8
Североисточен регион—————————————————————————————10
Вкупно 100

Најголем број на бодови што може да ги добие корисникот за помош на млади земјоделци за започнување со земјоделска дејност е 100 бода.

     За да биде прифатлив, корисникот за помош на млади земјоделци за започнување со земјоделска дејност треба да добие најмалку 60 бода

–           Напомена: Барателот да не користел помош од мерките 112 Помош на млади земјоделци за започнување со земјоделска дејност и 113 Поддршка за поттикнување на земјоделското производство.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА МЕРКА 112

1. Уредно и целосно пополнето електронско Барање за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2021 година  ПРР – 112; (поднесено преку e-baranje.ipardpa.gov.mk)
2. Понуда со детална техничка спецификација за производите за кои се бара финансиска поддршка;
3. Деловен план – изготвен согласно Упатството за изготвување на деловен план за Мерка – 112;
4. Доказ за завршено образование: – Диплома за завршено средно образование од област на земјоделство или – Сертификат за завршена обука за здобивање на квалификации за вршење на земјоделска дејност Напомена:  Доколку барателот нема сертификат за завршена обука за квалификуваност за вршење на земјоделска дејност потребно е Деловниот план да предвидува соодветна обука.
5. Доказ за поседување или располагање со недвижен имот: – Имотен лист – издаден од Агенција за катастар на недвижности на Република Македонија, не постар од три месеци сметано од денот на објавување на јавниот повик, или –  Договор за закуп на земјиште/објект во траење од најмалку 5 години сметано од денот на објавување на јавниот повик, и прилог имотен лист за земјиште/објектот на име на закуподавачот издаден од Агенција за катастар на недвижности на Република Македонија, не постар од три месеци сметано од денот на објавување на јавниот повик, или – Договор за концесија на земјиште/објект во сопственост на Република Македонија со важност од најмалку 5 години сметано од денот на објавување на јавниот повик со Записник за воведување во владение и прилог имотен лист;     Напомена: Доказ за поседување/располагање со недвижен имот се доставува во случај кога инвестицијата опфаќа подигање на нов овошен/лозов насад, систем за наводнување, ископ на бунари, градба, конструкција/реконструкција на објект/и и пластеници;
6. – Договор за испорака на вода за наводнување со назначени катастарски парцели на кои се однесува договорот – склучен со водна заедница или водостопанско претпријатије, или – Дозвола за црпење на вода која се користи за наводнување издадена од Министерство за животна средина и просторно планирање – Управа за животна средина, или – Известување за поднесено барање за издавање на Дозвола/Мислење за црпење на вода која ќе се користи за наводнување издадено од Министерство за животна средина и просторно планирање – Управа за животна средина или – Мислење за црпење на вода која се користи за наводнување издадена од Министерство за животна средина и просторно планирање;    Напомена: (за инвестиции кои вклучуваат набавка на систем за наводнување и/или ископ на бунар);
7. Одобрение за градба, конструкција/реконструкција со проектна документација врз основа на која е издадено одобрението за градба, конструкција/реконструкција од единицата за локална самоуправа    Напомена: (за инвестиции кои вклучуваат градба, конструкција или реконструкција на објекти)
8. Договор/Понуда за услуги од трети лица за надзор и изведување на градежни работи, за изработка на опрема, конструкција на елементите и инсталирање на опрема вклучително и софтвер;Договор/Понуда за услуги од трети лица за изработка на деловен план, студии, елаборати, планска и техничка документација;   Напомена: Договор за услуги од трети лица се доставува доколку услугата е од физичко лице, или Понуда се доставува доколку услугата е од правно лице. Договор за услуги се доставува доколку барателот користи услуги од трети лица и за истите бара финансиска поддршка;
9. Договор/Понуда за обука за вршење на соодветна земјоделска дејност согласно предвидениот производствен план од деловниот план (доколку барателот не поседува доказ за завршено соодветно образование а побарува финансиска поддршка за наведените обуки);
10. Решение за упис во регистар на земјоделски задруги при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство (доколку земјоделското стопанство е член на земјоделска задруга)
11. Доказ/Потврда за заснован/незаснован работен однос во последните 2 години, издадена од Агенција за вработување на Република Македонија

Потенцијалниот корисник на средствата треба да поднесе електронско барање за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2021 година  по соодветната мерка.

По креирањето и поднесувањето на електронското барање за финансиска поддршка, истото се превзема, печати и потпишува од страна на Барателот и заедно со сите пропратни документи, соодветни на типот на инвестицијата се доставува до  Агенцијата во затворени во плик на кој на горниот лев агол да пишува

Барање за финансиска поддршка, Архивскиот број на Барањето (0721-11216-ХХХХ/1)“ на следната адреса:

АФПЗРР – Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој ул. „3-та Македонска бригада” бр.20 (зграда на Македонија Табак блок Ц) 1000 Скопје, Република Македонија или лично на рака во писарницата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР), на истата адреса.

Крајниот рок за доставување на барањата е 29.08.2021 година.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close