fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Во кафеана само вакцинираните и оние кои прележале Ковид-19

Со новите мерки целосно се забранува и одржување настани и работа на угостителските објекти на затворено.

Од денеска стапуваат во сила новите рестриктивни мерки со кои за влез во угостителските објекти и на организирани настани ќе мора да се приложи сертификат за примени вакцини или потврда за прележан Ковид-19 во изминатиот месец и половина. Со новите мерки целосно се забранува и одржување настани и работа на угостителските објекти на затворено.

Угостителските објекти мора да имаат редарска служба која ќе врши контрола, а се најавуваат и засилени инспекциски контроли.

Надлежните велат дека мерките се носат со цел да се заштити јавното здравје и да не се доведе државата во ситуација повторно да воведува локдаун и целосно затворање на одредени дејности.

– Секој има право да избере дали ќе се вакцинира или не. Но, државата мора да води грижа за колективното здравје. Ако јас одлучам да не ја примам вакцината и влезам во простор каде има повеќе од 30 луѓе, ризикувам сите останати 29 луѓе да бидат заразени од мене. Грижата на државата е во колективното здравје. Апелирам да се вакцинираме затоа што засега тоа е единствениот начин да ја победиме пандемијата и да се вратиме на нормалниот живот, изјави вчера премиерот Зоран Заев.https://nezavisen.mk/vo-kafeana-samo-vakciniranite-i-onie-koi-prelezhale-kovid-19-kje-dadat-li-merkite-rezultat/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close