СДСМ: Вистинската грижа за земјоделците продолжува
Навремено исплатени околу 10 милиони евра субвенции на сметките на речиси 12 илјади земјоделци.
СДСМ и Владата предводена од премиерот Зоран Заев продолжува со вистинска грижа за земјоделците, особено кога поддршката од државата им е најпотребна.
10 милиони евра субвенции се исплатени на сметките на речиси 12.000 земјоделци.
Субвенции се исплатени за фармери кои имаат обележани грла говеда, кози, а пари на сметки имаат и сите фармери кои задржале женско јагне.
На тутунопроизводителите исплатени се 11,4 милиони денари за произведен и предаден тутун од реколта 2020 година.
Продожуваме со навремена и неселективна исплата на субвенции, во интерес на секој земјоделец.
4 милијарди денари веќе се исплатени за земјоделците, а со усвоениот ребаланс на располагање имаме уште 3 милијарди денари.
Со заокружување на овие исплати во 2021 година се очекува да се исплатат рекордни 115 милиони евра за над 66.000 земјоделци.
Во наредниот период следи исплатата на субвенциите и преостанатите субвенции.
Државата е тука за земјоделците, грижата за нив останува врвен приоритет на Владата предводена од СДСМ.
Создаваме услови за раст и развој на агро-секторот, за земјоделците да продолжат да произведуваат квалитетни производи.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ