fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Стада диви свињи веќе втора недела го пустошат земјоделскиот род по нивите во Лакавичкиот крај

Тоа го прават обично навечер кога ние не сме во нивите и не можеме да ги заштитуваме“, вели земјоделецот Тони Младенов.

Повеќе стада диви свињи веќе втора недела го пустошат земјоделскиот род по нивите во Лакавичкиот крај. Речиси целосно се уништени стотици хектари со бостан, тикви, пченка, зелка, краставици и други земјоделски производи.

„Сосема мал дел од нашиот труд како земјоделски призводители продадовме на пазар, но голем дел е уништен. Речиси и да нема земјоделски производ кој не е оштетен, подјаден или изгазен од шепите на дивите свињи. Тоа го прават обично навечер кога ние не сме во нивите и не можеме да ги заштитуваме“, вели земјоделецот Тони Младенов.

Неговиот братучед Митре Младенов го има истиот проблем и не можел да го реши иако презел неколку превентивни мерки за да се отргнат дивите свињи од неговите ниви, но без успех.

„Пред три години имав вакви големи штети, а еве и годинава дивите свињи пак прават пустош. Нивите со бостан и со тикви е отидена. Мерак фрлија и на зелката. Сотрен е род од неколку тони во Лакавичко. За една или две ноќи да се изеде толку род мора да се работи за неколку чопори кои преку ден се кријат некаде во ладовина, а навечер влегуваат во нивите“, вели Младенов.

Тој и многу други земјоделци од овој крај се разочарани од направените штети и непреземањето мерки на надлежните служби.  Сметаат дека поради пожарите што пред две недели избувнаа во околината на селото Селце и соседните села во подножјето на планината Серт, дивињите свињи бегајќи од огновите прибежиште нашле во нивите на земјоделците. Пожарите сега се локализирани, но дивињите свињи не се скротуваат.

Мештаните од овој крај сметаат дека пожарите сепак не се главна причина, затоа што во изминатите години кога немаше пожари имало ваков пустош од дивите свињи. Во овој регион се наоѓа и ловиштето Серта и други ловни ревири кои обично се под концесија, но концесионерите досега не презеле никаква превентивна заштита.

Ловочуварите велат дека никој не може да каже од каде доаѓаат дивите свињи, дали од ловиштата или од планината, важно ги има и прават штети и додаваат дека дивите свињи се во надлежност на државата и таа одредува во кој период штетниот дивеч може се лови. На пример, за дивата свиња има забрана за острел до 11 октомври. Ако бесправно се отепа само една дива свиња казната е 3.000 евра за физичко лице, а за правно 10.000 евра.

Земјоделците се обидуваат секој на свој начин да употреби зашититни мерки, но досега ништо не помогнало. Од подрачните единци на Министерството за земјоделие им било кажано дека ако сакаат обештетување ќе мора да ја тужат државата. Но, оштетените велат дека процедурата е долга и скапа и сето тоа ги одвраќа од било какви судски постапки. Велат дека не слушнале досега некој оштетен земјоделец да добил судски процес против државата.https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/brojni-stada-divi-svini-dve-nedeli-go-pustoshat-rodot-vo-lakavichkiot-kraj-po-pozharot/

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close