fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Нов дополнителен рок од 15 дена за сите заинтересирани за искористување на средства од ИПАРД 2, Мерка 7

Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски,  информира дека со продолжување на рокот за аплицирање им се дава дополнителна можност на апликантите за прибирање на целокупната документација која е потребна за поднесување на барања за добивање на средства преку мерка 7„Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“.

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги информира сите заинтересирани за добивање  на финансиска поддршка од ИПАРД 2, мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“, дека се дава дополнителен рок од 15 дена за доставување на апликациите за добивање на финансиска поддршка преку оваа мерка од ИПАРД 2 програмата.

Ова значи дека наместо до 22  август 2021 година, комплетната документација заедно со барањето за финансиска поддршка од ИПАРД, заинтересираните ќе може да ги достават до 6 септември 2021 година.

Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски,  информира дека со продолжување на рокот за аплицирање им се дава дополнителна можност на апликантите за прибирање на целокупната документација која е потребна за поднесување на барања за добивање на средства преку мерка 7„Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“.

„И ние и Телото за управување со ИПАРД при МЗШВ, увидовме дека заради летните одмори, најголем дел од домашните и странски добавувачи работат со редуциран капацитет, со што апаликантите се соочуваат со проблем околу прибирање на потребната документација и понуди за набавка на инвестициите, што пак е услов за прифаќање на апликацијата како комплетна.Токму затоа им излегуваме во пресрет на сите заинтересирани да можат да достават квалитетни, целосни апликации преку кои ќе се искористат расположливите средства.“ – информира Бачовски.

На овој повик на располагање се над 13,5 милиони евра. Финансиската поддршка по корисник се движи од 1.500 до 1.000.000 евра, не вклучувајќи го данокот на додадена вредност  а повратот на инвестицијата е во висина до 65% од вкупните прифатливи трошоци.

Со помош на средствата кои се на располагање на овој повик апликантите може да инвестираат во следните сектори:

1.Алтернативно земјоделско производство
2.Алкохолни производи од грозје или овошје и пиво;
3.  Колачи, тестенини и пекарски производи;
4. Чај и билни екстракти;

5.Зачини и билки;

  1. Слатководна риба, ракови и мекотели и
    7. Други производи кои не се наведени во Листа на производи од Анекс I на Договорот за функционирањето на ЕУ.
    8. Производство на не-прехранбени производи
    9. Занаетчиски дејности, кои се во согласно со Правилникот за определување на дејности кои можат да ги вршат занаетчиите
    10.Обезбедување на услуги во земјоделството
    11.Развој на услуги за руралното население
    12. Промоција на руралниот туризам

Целокупната документација која е потребна за аплицирање може да се најде на веб страната на АФПЗРР, www.ipardpa.gov.mk. Со помош на средствата од ИПАРД 2 програмата се нуди можност да се  модернизираат домашните мали и микро претпријатија кој се моторот на домашната економија.

 

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close