
Агро бизнисВестиЛов и риболовМакедонијаТоп вести
Шапуриќ објави – спречен нелегален риболов во Охридско Eзеро
Одземени 350 метри мрежа и дваесетина парчиња белвица, додека запленетите пар;иња пастрмка веднаш беа вратени во водите на езерото.
Првиот човек на Државниот инспекторат за земјоделство, Зоран Шапуриќ објави дека е спречен нелегален риболов во Охридско Eзеро.
-Уште една успешна активност на Државниот инспекторат за земјоделство. Завчера е спречен нелегален риболов во Охридско Eзеро. Притоа, се одземени 350 метри мрежа и дваесетина парчиња белвица, додека запленетите парчиња пастрмка веднаш беа вратени во водите на езерото, објави Шапуриќ.