fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Намален водостојот на Охридското и Преспанското Езеро

Двете езера имаат помал водостој од просечниот за август и тоа за 15 сантиметри кај Охридското, односно за 1,73 метри кај Преспанското Езеро.

Водостојот на Охридското и на Преспанското Езеро е намален за по еден сантиметар во споредба со вчера, а нивото на Дојранското Езеро е исто со вчерашното, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Двете езера имаат помал водостој од просечниот за август и тоа за 15 сантиметри кај Охридското, односно за 1,73 метри кај Преспанското Езеро. За разлика од нив, нивото на Дојранското Езеро е за 2,58 метри повисоко од повеќегодишниот просек за овој месец.

Водостојот е понизок од просечниот и кај најголем дел од реките во земјава. Исклучок се Вардар на сите четири мерни места, Бабуна кај Богомила, Брегалница кај Штип и Струмица кај Сушево, каде нивото е повисоко од просечното.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close