За каналот за наводување Равен – Речица има проблеми, но и помрднување од нулта точка Опсервер: Хоџа: За каналот за наводување Равен – Речица има проблеми, но и помрднување од нулта точка, рече Хоџа
За изградбата на новиот канал за наводнување Равен – Речица се уште се работи на експропријација, но работите се одвиваат во насока на надминување на тие потешкотии, рече денеска министерот за земјоделство Арјанит Хоџа.
За изградбата на новиот канал за наводнување Равен – Речица се уште се работи на експропријација, но работите се одвиваат во насока на надминување на тие потешкотии, рече денеска министерот за земјоделство Арјанит Хоџа.
-Од кога сум поставен за министер каналот Равен – Речица е веќе поместен од нулта точка каде што беше поради експропријација, морам да кажам пак беше институционална работа, уште ги имаме проблемите но веќе се помрднуваат напред и очекуваме дека следна година треба да биде завршен првиот дел односно правата фаза на затворениот систем на Равен Речица при што следува втора фаза поврзување на старите канали каде ќе треба целиот полошки регион да се наводнува, истакна Хоџа, одговорајќи на новинарски прашања по доделувањата на картичките за „зелена нафта“. Тој информира дека се работи на подобрување на состојбата на каналот Радиовце – Џепчиште. Пред неколку месееци бевме во каналот Радиовце – Џепчиште што е 17 километри каде што е завршена тендерска постапка за избор на изведувач на чистење на тој канал и очекувам наредните недели да се знае кој ќе биде изведувачопт и да се почне со постапка. Чекаме одобрение од општина Теарце за ИПА проект од Европска делегација за систем за наводнување како продолжеток на тој канал, рече министерот. Во август 2018 година беше поставен камен темелник за изградба на нов систем за наводнување Речица-Равен, кој ќе опфаќа дел од полошката котлина северно од автопатот Скопје-Тетово-Гостивар. По изградбата предвидено е наводнување на потенцијални 3250 хектари земјоделско земјиште кое се протега на подрачјето на Гостивар, Врапчиште, Боговиње и Тетово. Вкупната вредност за изградба на системот за наводнување изнесува скоро 15 милиони евра.