Земјоделците се главните „виновници“ што трговците стануваат милионери
Емотивен статус на Ангелина Ујгуноска, тутунар
Тешка е маката на македонските змејоделци, споделувајќи фотографии тие често ја споделуваат и својата горчина за сработениот а не доволно платен производ . Ангелина Ујгуноска, тутунар од Пелагонија утрово со емотивена порака ја опишува макотрпната работа на тутунарите.
Анеглина пишува дека летото полека заминува, некои по плажи, некои по планини на чист воздух, а некои даваат огромен труд и физичка работа во најубавиот период од годината. Таа мака пропаѓа во вода кога ќе дојде финалниот производ, зашто трудот на земјоделците се откупува по ниски цени.
-Ние сме главните ‘виновници’ што трговците стануваат милионери , а за нас останува колку да се преживее на некое ниско ниво до следната година, пишува Ангелина во Фб групата Македонски тутунари.