Се исплаќаат субвенции на земјоделци што имаа проблем со банкарските сметки
ВАЖНО! ВАЖНО! Наши читатели потврдуваат дека денеска им се исплатени заостанати субвенции!!
Читатели на Зелана берза потврдуваат денеска им се исплатени средства за заостанати субвенции особено на оние кои имале проблем со банкарските сметки, но и заостанати субвенции поради долговите за вода и пашарина, како и по други основи .
Читател ни потврди дека му се исплатени субвенциите за обележано грло говедо, каде што имало проблем поради сметки со пашарина.
Дознаваме дека Платежната агенција веќе ги потпишала и спровела решенијата за 800 земјоделци. Чекаме и официјална потврда од Агенцијата.
Претходно директорот на Платежната агенција изјави дека до крајот на месецот ќе бидат исплатени сите субвенции каде има проблем со банкарските сметки, вклучувајќи ги и оние земјоделци што имале сметки во Охридска банка. Земјоделците само треба да достават нови сметки до Платежната агенција.
Бачовски-Ќе бидат исплатени сите субвенции каде има проблем со банкарските сметки