fbpx
Агро бизнисВестиРурален туризамТоп вести

Наташа Велковска – За да произведеме квалитетен мед, потребно е големо знаење и искуство

Мед од Малешевските Планини

За да се добие квалитетен мед мора да се пристапува со љубов кон пчелите и нивната работа. Тоа го знае и Наташа Велковска која што е целосно посветена на грижата кон својот пчеларник кој се наоѓа во непосредна близина на градот Пехчево, на локацијата наречена Суви Дол, на Малешевските Планини, во прекрасна и чиста природа.
 За љубовта кон пчеларството, Наташа вели: „Одгледувањето на пчели е макотрпна работа, мора во целост да им се посветите на тие мали трудољубиви инсекти кои произведуваат нешто што досега науката не успеала да го направи по вештачки пат. Доколку работиме за да произведеме квалитетен мед, потребно е големо знаење и искуство.“
 Токму заради тоа Наташа со нејзиниот сопруг посетуваат голем број на обуки и семинари кои се одржуваат како во нашата земја така и во соседството: „Со учеството на обуката за млади пчелари од Програмата за зачувување на природата (ПЗП) и напредната обука за производство на пчелни производи, се здобив со големо знаење за одгледување на пчели, производство на мед и други пчелни производи.“
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close