Proizvel rakija i od zelka
ПРОИЗВЕЛ РАКИЈА И ОД ЗЕЛКА
За да се произведе квалитетна ракија потребно е овошје со одличен квалитет и иста количина на талент и љубов. Така тврди Станимир Миниќ од село Долна Трепча кај Чачак, производител на повеќе од 30 видови овошна ракија. Скоро да нема овошје кое што тој го нема преточено во ракија.
Нему во производството на ракија, не му е битна количината, туку квалитетот, со желба младите да се заинтересираат за оваа работа и така да си обезбедат егзистенција, Услови за тоа има. Од друга страна , тој има и мисионерска желба, младите да ги преобрати да консумираат домашни пијалоци, а не од странство.
Добил девет Ајкули
Миниќ девет пати по ред се надмашил себеси во производството на ракија, што е потврдено со бројни признанија. За квалитетот на својата ракија, од 2005 до 2016 година со ред е наградуван со титулата за шампион на квалитетот, со што е ставен во редот на најдобрите производители во Србија.Последно оценетата ракија освоила 19,43 бода, со што си поставил самиот на себе нова задача. Златниот медал се добива за 18, а голем златен за повеќе од 18,5 бода. За повеќе од 19 бода се добива таканаречена Ајкула, со што пијалокот стекнува аукциска вредност.
Ракија од овошје и зеленчук
Овој повеќекратно наградуван производител, често експериментира и произведува ракија од овошје, па дури и од зеленчук, од кој некој друг никогаш не би се ни сетил да прави ракија.
,, Посебно сум горд на ракијата од непрскана круша такиш. Тоа е сорта која расти на поголеми надморски височини. Горд сум и на ракијата од мушмули, шумски јагди, малини, кајсија, дрен, рибизла, а сум пробал и во правење ракија од банана и диња. Во чест на Футошката зелка и тн Куписијада во Мрчајевци, произведов ракија од зелка. Таа е повеќе како атракција во оваа колекција. Секоја ракија која сум ја изнел на натпревар има освоено повеќе од 19 бода. А почнав да се натпреварувам во 2005 година и до денд енес носам дома шампионско злато за квалитет, вели Станимир Миниќ.
За добра ракија е важна квалитетна суровина но и опрема
Наградите и престижот значат многу, но тој смета дека државата треба да има повеќе слух за овој вид на индустрија која има перспектива. Најмногу произведува од сливи и од дуњи. Секое овошје кое можи да се најди на српските планини, го пробал за ракија.
Поддржете ги младите во земја која е преполна со овошје
Тој вели дека единствено не е задоволен од односот на државата кон производителите на ракија. Истакнува дека, штом стави ракија во шише и стави акцизна маркица, веќе и должи на државата 400 динари, а прашање е кога ќе ја наплати.
,, Мене тоа не ми е важно, затоа што сум го одработил својот работен век, но ми е жал за младите кои со овој вид на производство би можеле да си обезбедат работа. Србија е полна со квалитетно овошје, а тие пијат вештачки пијалоци. Мојата девиза е, не помалку од една а не повеќе од три цаши, додава Миниќ.
Неговото семејство има долга традиција на производство на ракија, дури од 1750 година. Во неговата куќа се печела ракија и за време на Втората светска војна. Станимир вели дека неговата мајка, додека татмо му бил во војната, четири години сама печела ракија која тој сеуште ја чува од тие години.