Хоџа за цените на грозјето-Ова е максимум што може да се извади од ситуацијата
Хоџа вели дека ваквите цени се резултат на неговата ветена поддршка во воспоставување на партнерски однос меѓу лозарите и откупувачите со цел заеднички интерес.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа за Агротим вели дека ваквите цени се резултат на неговата ветена поддршка во воспоставување на партнерски однос меѓу лозарите и откупувачите со цел заеднички интерес.
– Како што ветив ланската реколта дека цела година ќе работиме да воспоставиме доверба меѓу лозарите и винарските визби. Ова е реултат на разговори и преговори со сите чинители во процесот со цел изнаоѓање најдобро можно решение за сите засегнати страни. Се разбира дека секогаш може подобро, но ако земеме во предвид во каква вонредна состојба функционира земјоделстовото и вкупното стопанство поради Ковид 19, ова е максимум што може да се извади од ситуацијата – изјави Хоџа.
Тој потсети и дека двата денари набрзо ќе се исплатат, а секако ќе продолжат да се прават напори за поддршка од државата секогаш кога ќе имаат потреба земјоделците.https://agrotim.mk/