Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
МЗШВ-Договорено е протестот на лозарите да прекине и до среда да им се одговори на нивните барања
Лозарите реагираат зошто не е почнат откупот на најзастапената винска сорта „вранец“ иако грозјето ја има потребната шеќерност и зошто се доцни со објавата на цените за килограм грозје.
Вчера министерот Хоџа ненајавено отиде во Неготино, каде протестираа незадоволни лозари. Договорено е протестот да прекине и до среда да им се одговори на нивните барања, изнформираат од МЗШВ.
Лозарите на протестот реагираа зошто не е почнат откупот на најзастапената винска сорта „вранец“ иако грозјето ја има потребната шеќерност и зошто се доцни со објавата на цените за килограм грозје. Тие рекоа дека се одлучиле на протест поради ниските откупни цени на грозјето и игнорантскиот однос на винарии кои со овие цени ги демотивираат лозарите.
По дискусијата во која тие му ги изнесоа своите ставови, министерот Хоџа на присутните лозари им вети дека лично тој гарантира дека ќе се откупи целото произведено грозје. Тој ги извести дека поголем дел од поголемите винарски визби одредиле цени за грозје од оваа реколта.
Министерот Хоџа децидно изјави дека сигурно ќе имаме подобра гроздоберска година од ланската и од претходните, стои во соопштението од МЗШВ.