fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Хоџа доби награда „Пријател на земјоделците“

Хоџа вели -сфатив дека единствено можно е да се биде пријател со земјоделците за да се решаваат проблемите

Министерот за земјоделие Арјанит Хоџа попладневно во Битола ја доби наградата „пријател на земјоделците“ што му ја додели здружението на земјоделци „Современо Земјоделство“ во рамките на манифестација „Избор на најуспешни во областа на земјоделството за 2021 година“.

-Морам да кажам делот на професионалност е моја работа, но признанието за „пријател на земјоделците“ за мене е голема награда. Фала што сте го препознале тоа. Го почнав мандатот со проблеми со лозарите, таман тоа го завршив ми почна со тутунарите. Сега  пак се вратија лозарите  после една година и сфатив дека единствено можно е да се биде пријател со земјоделците за да се решаваат проблемите, рече Хоџа во Битола на доделувањето на наградите на најуспешните во македонското земјоделие.

 

На манифестацијата беа доделени повеќе плакети и благодарници, на политичари, земјоделци и компании за успешната работа во изминатата година.
На овој начин преку оваа манифестација, му даваме поголема важност на професијата „Земјоделец“,
и ги поттикнуваме компаниите, стопанствениците и политичарите на уште поголема посветеност на оваа многу битна гранка во општеството, а пред се ги поддржуваме младите земјоделци и жената-земјоделец, велат организаторите .

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close