fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Хоџа: Да се биде земјоделец е чест, тоа не е лесно, но сепак вреди

Земјоделците не се сами во својата борба за пласман, профит, модернизација, развој и унапредување на производството, истакна министерот во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, вечерва во Битола.

На манифестацијата „Избираме најуспешни во областа на земјоделството”, министерот Хоџа нагласи дека Владата е секогаш тука да креира мерки, да интервенира кога неоди, да помага кога сам не се може.

– Да се биде земјоделец значи да се биде храбар, истраен, вреден, неуморен, посветен и трпелив. Да се биде земјоделец значи чест да ги имаш сите овие особини надградени со љубов кон професијата и грижа за природата. Да се биде земјоделец не е лесно, но сепак вреди. Вреди затоа што производството на храна е најблагородната професија, затоа што храната значи живот. За жал, животот застана минатата година поради ковид-19, но земјоделското производство воопшто не застана. Природата неможе да чека, земјоделците мораа да ги продолжат своите редовни активности независно од условите предивикани од вонредната состојба. Се соочивме со многу предизвици и ние како институција, но и вие како производители, но сепак се изборивме. Одевеме, чекор по чекор и ги надминавме сите предизвици, посочи министерот Хоџа.

На свеченоста во Битола, министерот потсети дека МЗШВ интервенирале при откуп на грозје и тутун, и дека реализирани се скоро сите мерки од програмата за рурален развој и финансиска поддршка.

– Од мерката рурална жена, 250 жени добија грант, исто така и 265 млади земјоделци добија грант, 540 зејоделци потпишаа договори за набавка на трактор, 25 оризопроизводители потпишаа договори за набавка на комбајн за жнеење на ориз, исплатени се 6,1 милијарди денари за субвенции, објавен е последниот јавен повик од ИПАРД-2, а следната година ќе го објавиме ИПАРД-3, истакна Хоџа.

 

Извор: МИА

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close