fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Синдикатот ги потсети газдите дека треба да исплатат регрес за годишен одмор за своите вработени

Тоа значи дека исплатата може да се изврши дури и на последниот ден, односно на 31 декември

Иако до крајот на годинава има уште четири месеци, Синдикатот ги потсети газдите дека треба да исплатат регрес за годишен одмор за своите вработени. Оваа обврска од годинава ќе важи, покрај за работниците во приватниот, и за оние од јавниот сектор.

ССМ уште им укажа на работодавачите дека ако ова се обидат да го избегнат, можат да заработат дури и затворска казна од една година, нагласувајќи дека синдикатот за минатата година веќе поднел и неколку кривични пријави.

Фактор на оваа тема разговараше со директорката на Државниот инспекторат за труд, Јована Тренчевска, која вели дека законска обврска на работодавачите е да го исплатат регресот за годишен одмор до 31 декември годинава.

Тоа значи дека исплатата може да се изврши дури и на последниот ден, односно на 31 декември, со што ќе биде испочитувана законската обврска. Затоа трудовите инспектори контролите ги почнуваат веднаш откако ќе стартува новата година.

„Нашите контроли, за тоа дали е исплатен К 15 во текот на минатата година, почнуваат веднаш по новогодишните празници. Најчесто контролите ги правиме по претставки на работниците – дека не им е исплатен регресот за годишен одмор“, објаснува Тренчевска.https://faktor.mk/za-neisplaten-k15-za-lani-se-zalele-502-rabotnici—gazdite-na-krajot-sepak-mora-da-platat-ne-popushtajte

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close