fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Цените на становите зголемени за 4% – зголемен и бројот на одобренија за нови згради од скоро 35% !

Од аспект на понудата, вредноста на изградените станбени згради забележа раст во првиот квартал од 2021

Значајно поскапување на становите, односно недвижностите во првиот економски квартал. Во истиот период регистриран е и раст на бројот на издадени одбренија за изградба на згради, пишува “Порталб“. На територијата на дел од општините кои беа под мораториум за градба – се враќа машинеријата.

Од 2015 година, во вториот кавртал од годинава е регистриран највисок раст на цените на становите на квартално ниво. Во вториот квартал во споредба со првиот цените се зголемени за 3%. Нови податоци на Народната банка покажуваат дека на годишно ниво растот на цените на становите изнесува 4 отсто.

“Во вториот квартал на 2021 година, цените на становите мерени преку хедоничкиот индекс37 забележаа годишен раст од 4%, што претставува забрзување во споредба со растот од претходниот квартал. Од аспект на понудата, вредноста на изградените станбени згради забележа раст во првиот квартал од 2021 година, додека расположливите податоци за вредноста на издадените одобренија за изградба на станбени згради во вториот квартал од 2021 година засега упатуваат на намалување38, на годишна основа. Од аспект на побарувачката на станови, таа и натаму е поддржана од натамошниот двоцифрен раст на станбените кредити” – соопштија од НБМ.https://pari.com.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close