Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
ВАЖНО!-Кон крајот на септември ќе почне исплатата на средствата за набавка на трактори
Платежната агенција потврдува барањата на земјоделците за мерката 121.4 „Набавка на трактори“ се обработуваат. За мерката 121,4 Набавка на трактори одобрени се вкупно 540 aпликации со вкупна финансиска поддршка од 204.800.000.денари.
Платежната агенција одговори на прашањето на Зелена берза кога ќе се изврши повратот на средствата за мерката 121.4 набавка на трактори?
Ставот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој е следен;
До Агенцијата до денеска има пристигнати близу 400 барања за поврат на средства за мерката 121.4 „Набавка на трактори“. Сите апликанти кои веќе ги набавиле тракторите, и заедно со барањето за поврат на средства и со целокупната потребна документација согласно повикот ги доставиле до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој веќе се обработуваат од Секторот за исплата.
Како завршува обработката на секоја од пристигнаите барања за поврат така апликациите се обработуваат и согласно секоја одобрена и прифатена сума за поврат ќе бидат исплатени на сметките на апликантите. Првите ислати ќе бидат реализирани до крај на овој месец.
За мерката 121,4 Набавка на трактори одобрени се вкупно 540 aпликации со вкупна финансиска поддршка од 204.800.000 денари, стои во одговорот на Платежната агенција до Зелена берза.
Анета Блажевска