fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

„Тиквеш“ се огласи на Фејсбук

Прекинот беше предизвикан од неколкумина поединци кои се обидоа да манипулираат со квалитетот на грозјето и кои на крајно некоректен и насилнички начин го блокираа влезот на винарницата и со тоа им попречија на над 200 лозари кои денеска беше планирано да го предадат своето грозје во „Тиквеш“.

И покрај тоа што „Тиквеш“ е единствената македонска винарница која оваа година нуди највисоки цени за грозјето, ја почитува договорената цена за откуп на вранецот и смедеревката и се обврза на најголем откуп досега, сепак денеска беше доведена во ситуација привремено да го прекине откупот.
Прекинот беше предизвикан од неколкумина поединци кои се обидоа да манипулираат со квалитетот на грозјето и кои на крајно некоректен и насилнички начин го блокираа влезот на винарницата и со тоа им попречија на над 200 лозари кои денеска беше планирано да го предадат своето грозје во „Тиквеш“.
Упатуваме апел до сите лозари кои напорно работеле во текот на целата година да не подлегнуваат на провокации од поединци кои не се вистински лозари, туку работат во исполнување на нечија агенда.
Како општествено одговорна компанија „Тиквеш“ гарантира дека од својата страна и понатаму ќе продолжи доследно да ги почитува сите преземени договорни обврски кон лозарите, но истовремено го очекува истото и од своите партнери.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close