fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Ниту еден градоначалник од СДСМ не ги удостои лозарите со присуство на средбата, бараат политиката да ги тргне рацете од нивниот труд!

Пратеникот Панчо Минов и претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци, Зоран Јованчев дојдоа на средбата

Во тек е средба помеѓу лозари од Тиквешијата и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев во општинската сала, каде се бара решение за проблемот на лозарите, со кој тие се соочуваат и оваа година, во очи на гроздоберот.

На истата, тој синоќа ги покани градоначалниците од регионот, односно од Неготино, Росоман и Демир Капија, пратениците, како и советниците. Исто така, го покани и министерот Хоџа, или пак било кој претставник од министерството за земјоделство, со цел изнаоѓање на решение, бидејќи грозјето не може да чека.

Сепак, единствено пратеникот Панчо Минов и претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци, Зоран Јованчев дојдоа на средбата. Ниту еден градоначалник од регионот, пратеник или пак советник не беше присутен на средбата на која имаше околу 70 лозари. Не дојде никој од министерството за земјоделство, ниту пак било кој фукционер од владеачката партија, покрај Минов, односно не се појавија градоначалниците на Неготино, Демир Капија и Росоман.

Состојбата ексалираше вчера, кога на лозари кои веќе имале договор со винарската визба Тиквеш, не им било откупено грозјето, бидејќи имало шеќерност пониска од 21 малиган. Откупот беше стопиран, неколку револтирани лозари го истурија својот род пред винаријата и бараа средба со менаџментот, но и со министерот за земјоделство, Хоџа. Се случи и немила ситуација, кога ја урнаа металната заштитна ограда пред винаријата, по што над 30 припадници на полицијата беа распоредени околу винаријата и ја чуваа.

Снимки од настанот се споделија на социјалните мрежи, по што стотици лозари од Кавадарци и Неготино се приклучија протестот, упатувајќи порака дека им е доста од понижувања и нема место за политички пресметки врз нивниот грб. Непречен откуп и достоинствени цени, одржување на неформалниот договор за цените, беа нивните барања, кои станаа традиција која се повторува со години наназад.

Цела ноќ лозарите ја поминаа пред винаријата, барајќи излез од состојбата која редовно се повторува секоја година, откако грозјето веќе е стасано за берба. Реагираат дека до вчера, единствено Тиквеш го почитувал неформалниот договор за откупните цени, 11 денари за смедеревка и 13 денари за вранец, додека сите откупни пунктови и винарии нуделе цена од осум денари за килограм.

-Винаријата Тиквеш ја градеа нашите дедовци и татковци, таа е симбол на лозарството во општината и не е дозволиво ова понижување со кое се соочуваме ние, лозарите. Нека се одредат цени на грозјето со време, уште во месец декември, да знаеме дали воопшто да вложуваме и да работиме цела година, за да на крај ни се случи ова.
Понижени сме, уценети да го предадеме грозјето по цени кои се под здравиот разум. Револтот ни е голем, мора да се стави крај на уништувањето на лозарството, со однапред договорени цени за откуп, а не секоја година, наместо да се посветиме на гроздоберот, кој бара голема организација, ние сме принудени да протестираме. Нема овде политика, нема партии и не не обојувате во партиски бои, овде се работи за нашата чесна работа која не се цени – велат лозарите.

Од Тиквеш вчера соопштија дека откупот е привремено прекинат, бидејќи неколку лозари донеле грозје кое имало пониска шеќерност од очекуваната и одбиле да го примат.

Од здружението на Тиквешки лозаро овоштари, вчера за време на протестот ни изјавија дека ги примиле во просториите на винаријата и телефонски разговарале со Светозар Јаневски, претседател на управниот одбор на винаријата.

-Ни вели Јаневски дека тој не може да дава милостина на лозарите. Потоа, пак ни кажа дека грозјето под 19 малигани ќе се откупи по цена од осум денари. За каква мислостина зборуваме овде? Ова е понижување за лозарите, ние немаме кој да не заштити. Сите винарии си работат според својот интерес, оставени сме на немилост – вели Дано Јошев, претседател на здружението.

-Да се почитува првичниот ценовник со кој излезе Тиквеш и од понеделник да се продолжи со непречен откуп. Ако ова не се случи, во вторник, сите лозари да се собереме повторно во општинската зграда и да одлучиме кои ќе бидат следните чекори- е заклучокот од денешната средба помеѓу градоначалникот Јанчев и лозарите.https://fokus.mk/nitu-eden-gradonachalnik-od-sdsm-ne-gi-udostoi-lozarite-so-prisustvo-na-sredbata-baraat-politikata-da-gi-trgne-ratsete-od-nivniot-trud/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close