fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Се надминуваат недоразбирањата меѓу лозарите и винаријата „Тиквеш“

ВИДЕО-Проблемот со откупот на грозјето е делумно надминат.

Проблемот со откупот на грозјето е делумно надминат. Од „Тиквеш“ за Канал 5 потврдија дека откупот ќе се реализира денеска според договорениот ценовник – но само од лозарите кои не манипулирале со квалитето на бербата.

„Тиквеш го почитува договореното и очекува тоа да го прават и партнерите. На оние ВИСТИНСКи лозари кои вчера чекаа на капијата и имаа грозје со соодветен квалитет но беа опструирани од страна на вандалите, денес ќе им биде откупено грозјето“, стои во одговорот од „Тиквеш“.

По вчерашниот бунт на лозарите поради промената на условите за откупот на грозјето, денеска градоначалникот на Кавадарци ги собра на состанок засегнатите страни за да се реши проблемот. Јанчев кажа дека не сите се одзвале на повикот, меѓу нив и министерот за земјоделство Хоџа.

„Беа поканети сите околни градоначалници, од министерството за земјоделство вклучувајќи го и министерот, пратениците. На овој состанок присуствуваа околу 60-тина лозари, меѓу кои 5 претседатели на лозарипроизводители., пратеникот Панчо Минов и пратеникот Иванчев. Тоа беше целокупниот состав. Од министерството немаше луѓе“, изјави Јанчев.

Лозарите бараат да не се дозволуваат малверзации со шеќерноста на грозјето. Ако винаријата има проблем со поединци, додаваат тие, не смее тоа да влијае врз останатите лозари кои се доведуваат во ситуација да го уништат својот род.

„Целта на состанокот е да не се деси како вчера, да не условуваат со шеќерници, луѓето да немаат каде да го носат грозјето. Пет-шест луѓе таму го истурија грозјето, на нивни трошок.

„Да си останат цените од 11 и 13 денари и шеќерната единица да биде 18 за вранец и 16 за смедеревка. За 1 хектар грозје се потребни 168.000 денари да ги дадеме во готово, до берба.

Претседателката на Националната федерација на фармери вели дека најдоброто решение за да се спречат вакви проблеми е да се довери мерењето на шеќерноста на стручни институции.

„Да не се лажеме, оваа година грозјето има шеќерни единици. Топлото време коешто преовладуваше цело лето и се уште трае придонесува за добра зрелост и добра шеќерна единица. Ние сугерираме скалата на шеќерните единици да ја одредуваат релевантни научни институции, а не самите винарски визби. И според таа скала, тие институции да го одредуваат стартот на секоја сорта на грозје“, вели Васка Мојсовска, претседатеч на Национална федерација на фармери.

Седумстотини лозари вчера го блокираа влезот на „Тиквеш“ откако од оттаму им кажале дека ќе им го вратат грозјето ако не надминува 21 малиган. Дел од нив разочарани го истурија својот род пред откупниот пункт. Од „Тиквеш“ прекинатиот откуп го правдаа со ставот дека неколку поединци на вулгарен начин се обиделе да предадат грозје со полош квалитет.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close