fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Лозарите даваат рок до утре за одлука за повисока откупна цена или ќе го истурат грозјето пред Владата

ВИДЕО-Тиквешките лозари сè уште не знаат што ќе се случува со откупот на нивното грозје.

Тиквешките лозари сè уште не знаат што ќе се случува со откупот на нивното грозје. Истиот е на самиот почеток и големите винарски визби допрва се на потег, јави Телма.

Властите треба да одлучат што ќе одговорат на барањата на лозарите за формирање на повисока откупна цена.

Токму поради незадоволството околу тоа прашање пред неколку дена од приколките на лозарите се истураше грозје во Кавадарци.

„ВО МОМЕНТОВ, ВО КАВАДАРЦИ И НЕГОТИНО, ЛОЗЈЕ ОТКУПУВА САМО ЕДЕН ОД ШЕСТТЕ ПУНКТА ВО КАВАДАРЦИ, ВО НЕГОТИНО ОД 5-6 ПУНКТА ОТКУПУВА САМО ЕДЕН И ТОА ОТКУПУВА НА ОТВОРЕНА ЦЕНА. НИЕ БАРАВМЕ ДО ДЕНЕС, НО СЕПАК ЌЕ ПОЧЕКАМЕ ДО УТРЕ, ВТОРНИК, И БАРАМЕ ДА НЍ ДАДАТ ОДГОВОР“ ИЗЈАВИ ДАНЕ ЈОШЕВ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА ТИКВЕШКИ ЛОЗАРООВОШТАРИ.

Политиката прави обид да се замеша во лозјето, но државата тоа нема да го дозволи – вели министерот за земјоделство Арјанит Хоџа.

Најавува состаноци со големите винарски визби затоа што сè уште има неслога околу цената којашто ќе им се понуди на лозарите за да го дадат своето грозје.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close