fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Во ТИРЗ близу 160 милиони евра нови странски инвестиции

Влегуваат три нови инвестиции кои што ќе отворат 680 работни места во земјава соопшти денеска директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски.

Инвеститорите се од САД, Турција и В. Британија. Станува збор за фармацевтска компанија, втората е компанија од градежна индустрија со модерни елемнти за изградба, а третата е дел од автомобилскиот свет, таа е веќе тука, но ќе ги проширува своите капацитети.

-Вкупен обем на инвестиции од нови 54 милиони евра, планиран број на работи места – 680, проектирани вкупни приходи на компаниите кои што би ги оствариле во наредниот десетгодишен период е близу една милијарда евра, околу 850 милиони, а она што е важно и тоа нов квалитет во нашиот пристап кон инвестициите, а тоа е правиме и проценка на повратот што ќе го има државата од самите инвестиции, односно бенефитот, истакна Јован Деспотовски – Директор на ТИРЗ.

Две од новите инвестиции се во внатрешноста на државата, а инвеститорите ќе бидат мотивирани и понатаму да вложуваат надвор од Скопје, дополни Деспотовски, со тоа што инвестирањето во некој помал град ќе чини помалку, а на тој начин индустријата ќе живне и надвор од главниот град.

Македонија веќе не е дестинација на евтина работна сила, туку во иднина инвеститори ќе привлекува со добри услови за функционирање. Деспотовски вели дека земјава ќе биде поднебје каде што ќе заработат сите, и граѓаните кои што на тој начин ја зголемат продуктивноста, а и инвеститорите.

-Јас го избришав зборот евтина работна сила, тоа апсолутно го забораваме со полна одговорност дека утре некој ќе каже дека сме биле неуспешни во тој сегмент, не сме привлекле инвеститори. Значи инвеститорите ќе дојдат, ќе им ги овозможиме сите услови за функционирање меѓутоа ќе платат, ама нема да ме платат мене, нема да платат никој друг, ќе ги платат луѓето кои што се ангажирани во самите компании.-Јован Деспотовски – Директор на ТИРЗ.

Анализата на ТИРЗ покажува дека во август имало највисоко ниво на извоз во првите осум месеци, споредено со истиот период во изминатите четири години и рекордна извозна и увозна активност.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close