fbpx
Вести

Почна откупот на тутун во Прилеп

По првиот откупен ден е постигната откупна цена над 170 денари за килограм тутун.

Најголемиот откупувач во прилепскиот регион, Тутунски комбинат, веќе ги откупи првите количества тутун од своите кооперанти. Во понеделникот беа преземени околу 20 тони, а откупот, според најавите, ќе продолжи со динамика која ќе се зголемува секој ден.

tutun_lideri_mannisa_h1445

„Квалитетот на реколтата според првите количества што се откупени е многу подобар во однос на минатата година. Иако не би можеле да говориме за просечна цена, по првиот откупен ден, од преземените количества е постигната откупна цена над 170 денари за килограм“, истакнува генералниот директор Александар Дерменџиев.

До крајот на оваа недела откупот треба да започне и се реализира без проблеми во другите рурални средини каде што оваа компанија има откупни места. Откупната кампања ќе се реализира со дневна динамика од 80 тони.

Prilep_tutun

Што се однесува до исплатата, менаџерите на Комбинатот ветуваат дека ќе се одвива непречено.

„Исплатата ќе се врши по 7 дена, сметано од денот на предавањето. Пари за исплата на реколтата се обезбедени, и откупната кампања како и секоја година, ќе ја реализираме според планот“, акцентира Дерменџиев.

Тутунски комбинат планира годинава да преземе околу 3.000 тони од долгогодишните кооперанти со кои има склучено договори. Законскиот рок за почеток на откуп на годинешната сезона е 15 декември, а Тутунски комбинат ја почнува кампањата една недела претходно.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close