fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Во Штип за 100.000 домаќинства обезбедена чиста и здрава вода

Филтер станицата, со капацитет од 300 литри во секунда, ќе овозможи и наводнување на 4.000 хектари земјоделска површина, како и производство на електрична енергија од 50 гигават часови.

Почна тестирањето на новата современа филтер станица, која треба да обезбеди чиста, здрава и квалитетна вода за пиење за повеќе од 100.000 домаќинства во општините Штип, Пробиштип, Свети Николе, Лозово и Карбинци.

Филтер станицата, со капацитет од 300 литри во секунда, ќе овозможи и наводнување на 4.000 хектари земјоделска површина, како и производство на електрична енергија од 50 гигават часови.

Проект се реализираше 17 месеци и за него Владата обезбеди шест милиони евра од буџетот. Во рализацијата на проектот со поволни финансиски средства и со донации учествуваа Словенија и Јапонија.

Се очекува по завршување на тестирањето дека штипјани ќе добиваат најквалитетна вода за пиење по сите светски стандарди.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close