fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Мелничари велат: Лебот ќе поскапе поради новата цена на пченицата на светските берзи

Обвинувањата на земјоделците дека мелничко – пекарската индустрија неосновано ги зголемува цените на лебот и печивата е нарачана политичка реакција. Ова е ставот на претседателот на оваа индустрија Горан Малишиќ

Обвинувањата на земјоделците дека мелничко – пекарската индустрија неосновано ги зголемува цените на лебот и печивата е нарачана политичка реакција. Ова е ставот на претседателот на оваа индустрија Горан Малишиќ кој кусо телефонски ни соопшти дека не сака да коментира политичи инструирани изјави кои се даваат пред избори. Малишиќ тврди дека поскапувањето на основниот прехранбен производ мора да се случи поради неколку глобални фактори, и ниту една влада не може тоа да го спречи.

„Не коментирам нарачани реакции од никого, ние сме бизнис заедница. Како одеднаш пред избори цената на стана главна тема, а никој не зборува што маслото за јадење е 120 денари. Цената на лебот зависи од многу фактори, главни се светските берзи каде се продава пченицата. Ги следиме глобалните текови и можам да соопштам дека имаме проблем кој не се сопира“, изјави Горан Малишиќ претседател на Мелничко пекарска индустрија.

Земјоделците ги отфрлаат обвинувањата и се категорични дека нема простор за зголемување на цената на лебот и пецивата. Нивните пресметки велат дека мелничко пекарската индустрија е покриена со пченица до крајот на годинава. Дополнително, земјоделците обвинуваат дека 260 милиони килограми пченица им продале на мелницарите по според нив ниска цена, односно за 10,5 денари по килограм. Сега земјоделците велат дека доколку продолжат поскапувањата, ќе бараат да им бидат исплатени дополнителни средства за пченицата бидејќи велат дека ја продале по ниска цена знаејќи го стандардот во Македонија и потребата од поевтин леб.https://alsat.mk/mk/melnichari-lebot-ke-poskape-poradi-novata-tsena-na-pchenitsata-na-svetskite-berzi/

Слични написи

Back to top button
Close