Тракторот John Deere 6110B – нов гигант на македонскиот пазар
Првиот впечаток е најбитен, а тој е позитивен.
Благодарение на Синпекс ДОО-Битола, македонските земјоделци од оваа есен ќе ја имаат привилегијата да уживаат во перформансите кои ги нудат новите модели на John Deere трактори кои пристигнаа во нашата држава, Јоhn Deere 6110B и 6135B.
На почетокот на оваа година во фабриките на John Deere e завршен процесот на производство на првите парчиња од овие модели. Потоа, низ комплексниот процес на контрола и тестирање дадено е зелено светло за продажба на истите.
Синпекс ДОО-Битола како овластен дистрибутер и продавач на John Deere во Македонија, неодамна ги доби првите две парчиња од новите модели. Овој период активно се вршат демо проби и тестирања со овие трактори на нашите полиња.
Првиот впечаток е најбитен, а тој е позитивен. Најчестите коментари на земјоделците кои имаа прилика да го испробаат овој трактор се дека тој е едноставен за работа, ефикасен и подобар во споредба со тракторите од другите брендови.
Технички карактеристики
John Deere 6110B (110 HP), трактор од “тешка категорија” e oдличен спој на моќта и технологијата. Турбо моторот John Deere Power Tech мотор со 4 цилиндри испорачува висока моќност и голем капацитет на подигање. Tракторот е погоден за работа во најтешките услови за работа, а со него може да се извршуваат најразлични операции. Од припрема на почвата за сеидба, потоа меѓуредни обработки, сеидба, како и активности на фарми со предна или задна корпа. Воздушниот филтер е опремен со предфилтер за подобра заштита.
Тракторот е опремен со синхрон менувач модел TSS, двоен кумплунг, 12 брзини напред и 4 назад. Тоа овозможува ефективно искористување на коњските сили и заштеда на гориво.
Ергономската кабина со делукс седиште е внимателно димензионирана за да овозможува добра прегледност. Климата овозможува работа со тракторот во исти годишни времиња, во сите услови на работа, без притоа товарот да падне на операторот.
Тракторот достигнува до 35 км/ч максимална брзина која доаѓа до израз при транспорт.
Сопирачките се со дискови потопени во масло. Максималниот капацитет на подигање изнесува 3650 кг. Излезно карданско вратило со двојна брзина, 540 rpm и 1000 rpm.
Tракторот е опремен со 3 SCV – 6 хидраулични излези што овозможува на него да се приклучат посложени приклучни машини.
Стандардни пневматици за напред 13.6 х 24, стандардни пневматици за назад 18.4 х 34. Капацитетот на резервоарот изнесува 220 л.
Димензии и тежина.
Вкупна тежина 4500 кг, вкупна должина 4410 кг, ширина од гума од гума 2300 мм, вкупна ширина 2560 мм, клиренс од земја до менувач 470 мм.
Дополнет со 12 тегови од 50 килограми напред и 8 тегови по 55 килограми на задни тркала тракторот е успешно конфигуриран за да даде најдобри можни перформанси при извршување на земјоделските активности.
Нема сомнеж дека оваа 6B серија на John Deere трактори, која ги вклучува 6110B и 6135B, за брзо ќе го освои македонскиот пазар. Тоа се должи на едноставноста во работењето со него, тоа значи дека тракторот нема премногу технологија, премногу ‘копчиња’ што би рекле земјоделците.
И во периодот кој следи продажниот тим на Синпекс ДОО-Битола ќе продолжи со демо тестирања со новите модели на трактори на македонските полиња.
Дефинитивно оваа есен повторно ќе биди под знакот на John Deere, овој пат серијата 6B.
Бојан Ѓеровски за Зелена берза